НОВОСТИ / D-Link DWR-720 – Лесно пренослив и сигурен уред кој ви овозможува лесно да ја споделите вашата интернет конекција!

D-Link DWR-720 – Лесно пренослив и сигурен уред кој ви овозможува лесно да ја споделите вашата интернет конекција!


2017-08-25


Со овој уред лесно ќе ги поврзете сите ваши мобилни уреди на интернет или пак ќе можете да ја споделите вашата 3G интернет конекција со семејството, пријателите или колегите кога сте надвор.

D-Link DWR-720 Mobile Wi-Fi Hotspot ја користи вашата 3G мобилна конекција за да ви овозможи едноставна и брза Wi-Fi мрежа секаде каде што ви е потребна. Со едноставно вметнување на SIM-картичката DWR-720 ќе ви овозможи лесно да го споделувате вашиот 3G мобилен интернет.

DWR-720 исто така ви овозможува да пристапите и до податоците на вашата microSD картичка. Сега лесно може да споделувате фотографии од одмор со вашето семејство и пријателите или документи и презентации со своите колеги од службено патување, преку едноставно поврзување на DWR-720 со компјутер преку USB.

Овој рутер е доволно мал за да се вклопи во вашиот џеб додека пак вградената батерија на полнење значи дека можете да го носите насекаде со вас. Mobile Wi-Fi Hotspot овозможува сигурно безжичното поврзување исто како да сте поврзани преку вашата домашна мрежа. Со вградена заштита која ги спречува потенцијалните напади и обиди за хакирање од Интернет, и WPA2 енкрипција, со која можете да бидете сигурни дека ја споделувате вашата 3G конекција само со корисниците што сакате.


ТДК Компјутери

Менхетен Бизнис Центар, кат 1, ул. Васил Ѓоргов 20А, 1000 Скопје, Македонија
телефон: +389-(0)2-329-8338, +389-(0)2-324-6225 | факс: +389-(0)2-322-1966 | e-mail: info@tdk.mk


Copyright © 2016 TDK Computers. Сите права се задржани.