НОВОСТИ / Lenovo X1 Yoga – Ултра тенок, бизнис 2 во 1 лаптоп!

Lenovo X1 Yoga – Ултра тенок, бизнис 2 во 1 лаптоп!


2017-07-25


Ултра тенок и лесен, но неверојатно издржлив, X1 Yoga е дизајниран за екстремни услови.

Опремен со Windows 10 Pro, до 6-та генерација  Intel® 7-6600U со vPro и ултра брзи опции за складирање на податоци X1 Yoga има неверојатно моќни перформанси.

X1 Yoga има прекрасен 14” 2K екран на допир со опционална OLED технологија. Побогати бои и поостри контрасти со кои вашата работа, видеа, фотографии и веб страни ќе изгледаат подобро од било кога.

Со четири флексибилни начини за користење: работа, презентација, креативност или поврзување.

Тастатурата со позадинско осветлување е отпорна на прскање со вода, а нејзините копчиња се повлекуваат кога не се користи како лаптоп.

X1 Yoga вклучува стилско пенкало кое со само 15 секунди полнење може да го користите до 100 минути, за цртање и пишување забелешки, притоа лесно користејќи ја вашата креативност.

Со ексклузивната WRITEit технологија на Lenovo, можете да пишувате во секое поле низ стотици апликации, која автоматски го сугерира и го коригира вашето пишување.

Поткрепен со батерија која трае до 11 часа, X1 Yoga несомнено ќе ви овозможи поголема продуктивност и непречено уживање.


ТДК Компјутери

Менхетен Бизнис Центар, кат 1, ул. Васил Ѓоргов 20А, 1000 Скопје, Македонија
телефон: +389-(0)2-329-8338, +389-(0)2-324-6225 | факс: +389-(0)2-322-1966 | e-mail: info@tdk.mk


Copyright © 2016 TDK Computers. Сите права се задржани.