НОВОСТИ / Lenovo ThinkPad слави 25 години постоење!

Lenovo ThinkPad слави 25 години постоење!


2017-10-16


“Без непотребни орнаменти, ThinkPad е непријател на модерното, дизајнерските клишеа, минливата мода или конкурентското имитирање. Наместо тоа, овој уред ја отелотворува оригиналната и автентична идеа.” - David Hill, VP of Think Design and User Experience.

Со цел одбележување на 25 години од постоењето на ThinkPad, Lenovo го промовираше своето специјално издание наменето токму за годишнината. Новиот ThinkPad кој ја има задржано оригиналната естетика од првиот издаден модел, но со перформанси и мобилна агилност на денешните конфигурации.

А сега, да запловиме малку назад во минатото и да видиме колку далеку има стигнато ThinkPad по патот на различноста.

ThinkPad за првпат беше создаден во далечната 1992 година, во време кога технологијата беше сосема различна од она што е денес. Google и Yahoo сеуште не постоеа, мобилните телефони не беа измислени, Bluetooth и безжичната технологија претставуваа поим во тоа време а компјутерите чинеа по илјадници долари. 

Сепак од 1992 година наваму, Thinkpad стигна многу далеку. Овој уред се вивна до врвот на Монт Еверест и се нурна во длабочините на океанот. Експедициски ја има пропатувано целата должина на Синиот Нил и реката Нил, низ крошните на дождовните шуми. Ентузијастички беше прифатен од страна на NASA за користење во Меѓународната вселенска станица и вселенската станица Мир, а благодарение на неговиот невообичаен дизајн во форма на “пеперутка” кај првите модели тој е и дел од трајната колекција во музејот на современа уметност во Њујорк. Во кратки црти, ThinkPad навистина стигна многу далеку, а со повеќе од 100 милиони продадени уреди се претвори во број 1 бизнис-лаптоп во светот на сите времиња.

Дизајнот на оригиналниот ThinkPad од 1992 година бил инспириран од преубаво направената јапонска бенто-кутија која била симбол за луксуз. Денес, новиот ThinkPad 25 го спојува најдоброто од двата света. Со неколку задржани клучни естетики од оригиналниот модел, како класичната тастатура со 7 реда (која сега има и позадинско осветлување) и Enter копчето во сина боја со сини нијанси на подкопчињата и специјално издание на ThinkPad 25 лого, овој лаптоп има комплетен ретро-изглед. А под прекрасната надворешност ги има едни од најдобрите спецификации на технологијата, како 8th Generation Intel® Core™ i7 процесор, Windows 10 Pro и NVIDIA® GeForce® графика. Dolby® Audio™ Premium за одличен квалитет на звук и 14” FHD екран на допир за целосно уживање. И тоа не е сѐ, со ThinkPad 25 нема да ви биде потребно полнење батеријата дури до 18 часа. 

Не, тоа не е лаптоп, тоа е ThinkPad!


ТДК Компјутери

Менхетен Бизнис Центар, кат 1, ул. Васил Ѓоргов 20А, 1000 Скопје, Македонија
телефон: +389-(0)2-329-8338, +389-(0)2-324-6225 | факс: +389-(0)2-322-1966 | e-mail: info@tdk.mk


Copyright © 2016 TDK Computers. Сите права се задржани.