НОВОСТИ / Сајбер заштитата и улогата на човечкиот фактор

Сајбер заштитата и улогата на човечкиот фактор


2017-12-12


Сајбер безбедноста не е важна само за ИТ одделот, начинот на кој управувате со ИТ инфраструктурата и изложеноста на ризик на Вашата компанија директно влијаат врз успехот на Вашиот бизнис. 

Заразувањето со малициозен софтвер кој напаѓа компјутери, телефони, сервери и веб-сајтови, може да доведе до сериозни штети за Вашата компанија. Опасностите вклучуваат губење на податоци на клиенти, информации за кредитни картички, кражба на идентитет, измама и прекин на работата, а трошоците за отстранување на штетата се огромни. Корпоративните мрежи се примарна цел бидејќи хакерите можат да ги искористат вообичаените слабости како што се неправилно конфигурирани firewalls и слаби лозинки. 

Но, покрај пробивот на податоци, постојат и други начини кои можат да доведат до губење на значајни информации. Еден од нив е излевањето на податоци кој претставува неовластен проток на информации од Вашиот бизнис на надворешниот свет и тоа се случува почесто отколку што мислите. Кај повеќе од 50% од случаите одговорни се вработените. Луѓето прават едноставни грешки, забораваат документи во авион, го губат USB уредот, споделуваат деловни информации, пристапуваат до податоците без соодветна дозвола и користат неовластени апликации. 

Затоа е многу важно да ги обучите Вашите вработени (и било кое друго лице кое ја користи мрежата на Вашата компанија или ИТ инфраструктура) за правилна заштита на податоците и правилна употреба на компјутери.

Освен подигнување на свеста за заштита на податоците, препорачливо е и: 

  • шифрирање на податоците во мирување користејќи системи како BitLocker;
  • користење на управување со правата за пристап, контрола на начинот на кој луѓето споделуваат информации; 
  • обезбедување јасни насоки за складирање на информации, така што вработените да знаат кога можат да користат простор за складирање на cloud;
  • следење на заканите и реагирање на нив преку систем како што е Azure центарот за заштита, така што ќе може да ги идентификувате потенцијалните ризици пред да се претворат во скапи проблеми.

Податоците се највредните ресурси на Вашиот бизнис и секое лице е одговорно за заштита на податоците, не само ИТ одделот. Информирајте ги Вашите вработени за тоа како и зошто податоците протекуваат, научете ги на најдобрите практики во областа на заштита на податоците и користете ги правилните алатки за контрола на идентитет и контрола на пристап. Вашите корисници, клиенти и заинтересирани страни ќе Ви бидат благодарни.


ТДК Компјутери

Менхетен Бизнис Центар, кат 1, ул. Васил Ѓоргов 20А, 1000 Скопје, Македонија
телефон: +389-(0)2-329-8338, +389-(0)2-324-6225 | факс: +389-(0)2-322-1966 | e-mail: info@tdk.mk


Copyright © 2016 TDK Computers. Сите права се задржани.