НОВОСТИ / 8 совети како да се заштитите од малициозен и опасен софтвер

8 совети како да се заштитите од малициозен и опасен софтвер


2017-12-18


Малициозниот софтвер може да се појави во многу различни форми. Хакерите користат малициозен софтвер за да се мешаат во Вашите операции, крадат корпоративни податоци и да пристапуваат до Вашата мрежа.

Компаниите во просек губат 9,5 милиони долари секоја година како резултат на сајбер криминал и оваа огромна бројка продолжува да се зголемува со секоја наредна година. Сајбер криминалот се појавува во разни форми и димензии: пробивање на податоци, украдени уреди, веб-базирани напади итн. Но, сајбер криминалот во форма на малициозен софтвер предизвикува најголема штета за секој бизнис и во просек ги чини компаниите 51.102 долари годишно.

Малициозниот софтвер е збир на програми кои извршуваат несакани задачи од Вашиот компјутер како испраќање на несакани пораки, кражба на лични податоци и слично. Овој софтвер може да го зарази компјутерот со вирус и да ги шифрира сите податоци кои се зачувани во него. Па, дури и да можете да ги вратите податоците, трошоците и непријатностите се големи и значајни. Затоа е подобро да се заштитите отколку подоцна да ја поправате штетата.

Во продолжение прочитајте неколку совети како да ја заштитите Вашата компанија:

  • Заштитете ги уредите и внимавајте на мрежата. Уверете се дека сите уреди се up-to-date и имаат ефикасен анти-вирус софтвер и firewalls. Редовно ажурирајте го оперативниот систем и апликативниот софтвер. Следете ги со помош на софтвер за управување, како што е на пример пакетот за корпоративна мобилност и заштита од Microsoft. Инсталирајте софтвер за детекција на веб-натрапници, следење на невообичаено однесување. Напаѓачите може да останат незабележани повеќе од шест месеци, па затоа треба да барате рани знаци на упад, како што се најавување од невозможни локации и автоматско или повторувачко однесување, исто така потребно е да вршите мулти-факторска проверка на пристапот.
  • Филтрирајте го Вашиот e-mail и интернет конекција. Користете софтвер за скенирање на малициозен софтвер и скенирање на веб-страниците на cloud или врската помеѓу вашата мрежа и интернетот за да го блокирате малициозниот софтвер пред да стигне до содржината.
  • Обучете го персоналот. Хардверот и софтверот се важни, но човечкиот фактор - исто така. Научете ги вработените за ИТ заштита преку периодични курсеви, со посебен фокус на опасностите и ризиците поврзани со отворање прикачени датотеки и сомнителни мејлови.
  • Набљудувајте ги апликациите на cloud и внимавајте на неодобрени ИТ ресурси. Правилата за апликациите во cloud, Saas и Bringing Appliance (Bring Your Own Device) создаваат голем предизвик за сите фирми да ги дефинираат стандардите за корпоративна заштита. Прегледувајте го пристапот и применувајте контроли и заштита за да им помогнете на корисниците да се продуктивни во омилените платформи и во исто време заштитени со решение на кое фирмите и администраторите можат да му се доверат.
  • Актуелизирајте го планот за ИТ заштита. Со добар и јасен план ќе бидете сигурни дека не пропуштате ништо и дека применувате конзистентен пристап за заштита на Вашиот бизнис.
  • Направете резервни копии на податоците. Не треба да плаќате професионалец за дешифрирање на Вашите податоци ако имате друг примерок кој не е заразен со малициозен софтвер.
  • Побарајте стручна помош. ИТ заштитата е деловно прашање, но можете да добиете стручни совети за да се справите со техничките детали. Партнерската мрежа на Microsoft може да Ви помогне да развиете, тестирате и имплементирате сеопфатен план за ИТ заштита.
  • Користете најнова технологија. Во жестоката трка со развивачите на малициозен софтвер, не можете да си дозволите да заостанувате и да користите застарени технологии. Повеќе за тоа како да обезбедите сеопфатен пристап за заштита на Вашите податоци прочитајте тука.

ТДК Компјутери

Менхетен Бизнис Центар, кат 1, ул. Васил Ѓоргов 20А, 1000 Скопје, Македонија
телефон: +389-(0)2-329-8338, +389-(0)2-324-6225 | факс: +389-(0)2-322-1966 | e-mail: info@tdk.mk


Copyright © 2016 TDK Computers. Сите права се задржани.