НОВОСТИ / ACER PREDATOR HELIOS 300 - Играјте како професионалци!

ACER PREDATOR HELIOS 300 - Играјте како професионалци!


2018-01-23


Стилот на вашиот гејминг лаптоп го покажува вашиот личен стил, а стилот на Acer Predator Helios 300 вели "јас сум спремен за акција". 

Неговиот агресивен метален дизајн со црна и црвена боја кој е нагласен со рамни геометриски агли и заострени цврсти рабови дава чувство на моќ и сила, а архитектонски инспирираните издувни отвори кои ја испуштаат топлината обезбедуваат моќен изглед од секој агол.

Почувствувајте ја силата која ја има Predator со дизајнираното ладење со двоен вентилатор со ултра тенок, целосно метален AeroBlade™ 3D Fan кој нуди напредна аеродинамика и одличен проток на воздух.

Дајте им на вашите играчи малку дополнително гориво преку функцијата за оверклокување во PredatorSense™ со кој може да ја преземете контролата и да го прилагодувате вашето гејмерско искуство од едно место.

Со 7th Gen Intel® Core™ i7 процесор и NVIDIA® GeForce® GTX 1060 графика несомнено ќе ја победите конкуренцијата. 

Дополнително со тастатурата со позадинско осветлување во црвена боја, Acer Predator Helios 300 ги има сите карактеристики потребни за моќна игра.


ТДК Компјутери

Менхетен Бизнис Центар, кат 1, ул. Васил Ѓоргов 20А, 1000 Скопје, Македонија
телефон: +389-(0)2-329-8338, +389-(0)2-324-6225 | факс: +389-(0)2-322-1966 | e-mail: info@tdk.mk


Copyright © 2016 TDK Computers. Сите права се задржани.