НОВОСТИ / Кои се придобивките од користењето на лиценциран софтвер?

Кои се придобивките од користењето на лиценциран софтвер?


2017-12-25


Вашиот софтвер и хардвер се вредни инвестиции и затоа е многу важно правилно да управувате со нив, за да може да обезбедите долгорочен раст и успех на Вашиот бизнис.

Сајбер нападите им причинуваат огромни трошоци на бизнисите ширум светот, а бројките се во постојан пораст. Со сѐ поголемиот број на апликации симнати без одобрување, лошото управување со уредите кои се користат во рамките на корпоративната мрежа, лошата заштита на лозинките и слично, организациите сами се подложуваат на напад. Сега, со дигиталната трансформација, сѐ повеќе и повеќе од овие организации имаат потреба од зголемена видливост и контрола над нивната ИТ инфраструктура и треба целосно да ја искористат можноста.

Вашиот софтвер и хардвер се вредни инвестиции и затоа е многу важно правилно да управувате со нив, за да може да обезбедите долгорочен раст и успех на Вашиот бизнис. 

Користењето на лиценциран софтвер ќе Ви овозможи:

  • Минимизирање на загубата на податоци, измамите и прекините во работата;
  • Помали трошоци поврзани со купување и одржување на Вашиот софтвер и ИТ системи - Со купување преку договори со единечен волумен, многу клиенти можат да ги намалат трошоците за софтверот што го купуваат. Исто така, вкупната цена на операциите со текот на времето може да се намали додека организацијата станува рационализирана и стандардизирана за да ги оптимизира техничките барања за поддршка, ефикасност на мрежата и целокупната ефикасност на софтверот;
  • Поголема сигурност и контрола на ризикот - Ќе знаете дека користите оригинални производи со сите нивни придружни бенефиции;
  • Раст и развој на Вашата компанија - Знаејќи го софтверот што го имате сега, каде и што најдобро може да се искористи и она што ќе Ви треба во иднина, Ви овозможува да направите повеќе информирани стратешки, тактички и оперативни одлуки;
  • Безбедност и ефикасност - Ќе имате можност безбедно да управувате со софтверот во насока на зголемување на ефикасноста и да бидете сигурни во Вашата сајбер заштита;
  • Флексибилна ИТ инфраструктура која може брзо да одговори на заканите;
  • Безбедна и ефикасна одбрана од сајбер напади.

Направете сеопфатна анализа на инфраструктурата за сајбер безбедноста, вклучувајќи го распоредувањето на софтверот, неговото користење како и лиценцирањето. Користењето на ресурсите во насока на задоволување на бизнис потребите бара постојан увид во податоците. Осигурајте се дека ги имате вистинските процеси за да го минимизирате сајбер ризикот, што притоа ќе Ви овозможи да се фокусирате на иновации, наместо на заштита. Помогнете и на Вашата организација да ја максимизира вредноста, да ги минимизира ризиците и постигнете повеќе со Вашите ИТ инвестиции.

Повеќе за тоа како да ја заштитите Вашата компанија видете тука.


ТДК Компјутери

Менхетен Бизнис Центар, кат 1, ул. Васил Ѓоргов 20А, 1000 Скопје, Македонија
телефон: +389-(0)2-329-8338, +389-(0)2-324-6225 | факс: +389-(0)2-322-1966 | e-mail: info@tdk.mk


Copyright © 2016 TDK Computers. Сите права се задржани.