НОВОСТИ / ТДК Компјутери официјален дистрибутер на D-Link!

ТДК Компјутери официјален дистрибутер на D-Link!


2016-12-28


D-Link е глобален бренд кој нуди надградувани мрежни решенија и иновативни производи и услуги наменети за домашна потрошувачка, бизнис или даватели на услуги.

ТДК Компјутери оваа година ја прошири својата дистрибутивна мрежа со уште еден светски познат бренд – D-Link. 

D-Link е основана во 1986 година во Тајван. Благодарение на нивниот иновативен пристап, низ годините оваа компанија се разви во глобален бренд кој ги нуди најновите надградувани мрежни производи и услуги, без разлика дали се за домашна потрошувачка, бизнис или даватели на услуги. 

Широкото портфолио на производи на D-Link опфаќа голем број на иновативни производи и најнова технологија:

SMART HOME TECHNOLOGY

Напредната технологија овозможува долго сонуваните можности да станат реалност. Со mydlink™ Home смартфон и таблет апликацијата која е команден центар за широк спектар на smart home technology уреди, ќе можете лесно да поставите, контролирате, набљудувате и автоматизирате се што е во вашиот дом. Она за кое мислевме дека е научна фантастика сега веќе е научен факт... Оваа технологија ќе го направи вашиот живот полесен, посигурен и помирен. 

MONITOR

D-Link Cloud камери, кои овозможуваат да го следите вашиот дом од далеку. Дизајнирани да се вклопат во вашата домашна средина овие камери доаѓаат со mydlink™ Cloud Services кои овозможуваат на едноставен начин да го следите она што ви е важно без разлика каде сте.

CONNECT

Со D-Link уживајте во побрз и подобар безжичен интернет насекаде во вашиот дом. Лесно поврзете се и споделувајте интернет со сите ваши уреди, без неуредни кабли и со лесно поставување на Routers, Switches, AP Bridges и Broadband Access.


ТДК Компјутери

Менхетен Бизнис Центар, кат 1, ул. Васил Ѓоргов 20А, 1000 Скопје, Македонија
телефон: +389-(0)2-329-8338, +389-(0)2-324-6225 | факс: +389-(0)2-322-1966 | e-mail: info@tdk.mk


Copyright © 2016 TDK Computers. Сите права се задржани.