ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

ТДК Компјутери е една од најголемите дистрибутерски компании за големопродажба на IT и кориснички производи која оперира на македонскиот пазар и на пазарите во соседните балкански држави (Албанија, Косово, Бугарија). ТДК Компјутери е официјален дистрибутер на некои од најпознатите светски IT брендови како Acer, Dell, Lenovo, Lexmark, Microsoft, Xerox итн. Освен дистрибуција на IT производи, компанијата има експертски одел за развој на специјализирани софтверски решенија и продажба на лиценцирани софтвери. Важен дел од услугите кои ги нуди ТДК Компјутери е и постпродажното опслужување во сертифицираниот сервис на компанијата кој одговара на сите меѓународни стандарди. Со цел успешно извршување на работните задачи, едноставен модел на комуникација и прегледност, компанијата е организирана во следните сектори:

  • Продажба
  • Продукт менаџирање
  • Сервис и техничко одржување
  • IT оддел
  • Финансии и администрација
  • Маркетинг
  • Логистика

МИСИЈА И ВИЗИЈА

Од своето основање па сè до денес, TДК Компјутери континуирано работи на подобрување и проширување на портфолиото на производите кои ги нуди и секако постојано усовршување на услугата кон своите купувачи и партнери. Благодарение на бизнис принципите и политиката за квалитет на услугите кои ги нудиме, постанавме клучен фактор во IT секторот во Македонија. Нашата лојалност кон партнерите и клиентите, професионализам и континуитет во работата се основата на нашиот успех. Целта ни е да ја надоградиме лидерската позиција на компанијата и да го продолжиме одржливиот развој, применувајќи ги најдобрите светски практики и трендови.'

ИСТОРИЈА

Компанијата е основана во 2000-та година со името ТДК Компјутери и основна дејност продажбата на компјутери и компјутерска опрема. Со текот на годините дејноста на компанијата се прошири и навлезе и во други сегменти, вклучувајќи дистрибуција на разновидни IT и кориснички производи од најпознатите светски брендови од А-класа, изградба на модерен сервисен центар и развој на софтверски решенија за потребите на нашите клиенти.


ТДК Компјутери

Менхетен Бизнис Центар, кат 1, ул. Васил Ѓоргов 20А, 1000 Скопје, Македонија
телефон: +389-(0)2-329-8338, +389-(0)2-324-6225 | факс: +389-(0)2-322-1966 | e-mail: info@tdk.mk


Copyright © 2016 TDK Computers. Сите права се задржани.