СЕРВИС

ТДК Компјутери располага со модерен сервисен центар кој одговара на сите меѓународни стандарди за работа и ги поседува потребните сертификати за квалитет на услугите. Нашиот високо квалификуван тим ќе се погрижи за вашите уреди ефикасно и навреме. Со долгогодишно искуство и континуирана едукација во согласност со растот и развојот на технологијата, ние сме способни да ги решиме и најкомплицираните проблеми. Имаме голема залиха на резервни делови, што ни дава можност да одговориме во секое време на сите барања за постпродажна поддршка и да обезбедиме за нашите клиенти услуги со висок квалитет.

Обратете ни се доколку имате потреба од:

  • гарантно и постгарантно сервисирање
  • поправка и превенција на компјутери, лаптопи, смартфони, таблети и се останато од IT светот
  • поправка и превенција на принтери
  • инсталација и ажурирање на софтвери
  • мрежна инфраструктура
  • брза и адекватна реакција при итни проблеми


ТДК Компјутери

Менхетен Бизнис Центар, кат 1, ул. Васил Ѓоргов 20А, 1000 Скопје, Македонија
телефон: +389-(0)2-329-8338, +389-(0)2-324-6225 | факс: +389-(0)2-322-1966 | e-mail: info@tdk.mk


Copyright © 2016 TDK Computers. Сите права се задржани.