КАРИЕРИ / Senior/Middle C#.Net Developer

TDK Computers е една од најголемите компании во Македонија за дистрибуција на ИТ производи и развој на специјализирани софтверски решенија. Поради зголемување на обемот на работа, имаме потреба од вработување на Senior/Middle C#.Net Developer. 

 

Потребни квалификации за Senior/Middle:

  • Одлично познавање на C#.Net FW >= 3.5
  • Солидно познавање на MS SQL Server >= 2008
  • Познавање на client-side веб технологии (JavaScript, Jquery, Ajax итн.)
  • Познавање на server side технологии (ASP .NET)
  • Познавање на XML 
  • Пожелно е познавање на Microsoft SharePoint, PHP, MySQL, Wordpress 
  • Одговорност, желба за стекнување нови знаења и напредување во кариерата
  • Работно искуство повеќе од 3 години

 

Ние ви нудиме:

  • Работа во динамична и развојна средина
  • Плата во согласност со дејноста и природата на работата 
  • Можност за развивање и континуирано персонално усовршување 

 

Доколку оваа позиција претставува интерес за Вас и сметате дека одговарате на наведените барања, испратете го своето CV со назнака “C#.Net Developer” и нивото за кое сте заинтересирани на следнава email адреса: careers@tdk.mk. Само избраните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 


ТДК Компјутери

Менхетен Бизнис Центар, кат 1, ул. Васил Ѓоргов 20А, 1000 Скопје, Македонија
телефон: +389-(0)2-329-8338, +389-(0)2-324-6225 | факс: +389-(0)2-322-1966 | e-mail: info@tdk.mk


Copyright © 2016 TDK Computers. Сите права се задржани.