КАРИЕРИ / Сервисер

TDK Computers е една од најголемите компании во Македонија за дистрибуција на ИТ производи и развој на специјализирани софтверски решенија. Поради зголемување на обемот на работа, имаме потреба од вработување на СЕРВИСЕР. 

 

Потребно e познавање на:

  • Електроника за преносни уреди (лаптоп компјутери, таблети и слично)
  • Електроника и механика на принтери, скенери, фотокопири
  • Мрежи (инсталација и оддржување)

 

Работни одговорности:

  • Дијагностицирање на сервисни проблеми
  • Сервисирање/поправка
  • Тестирање на извршена сервисна услуга
  • Обезбедување на техничка поддршка на корисници

 

Потребни квалификации:

  • ССС, Електротехничко училиште или друго техничко образование
  • Работно искуство не е задолжително, но е во корист доколку го има
  • Возачка дозвола Б категорија 

 

Доколку оваа позиција претставува интерес за Вас и сметате дека одговарате на наведените барања, испратете го своето CV со назнака “Сервисер” на следнава email адреса: careers@tdk.mk. Само избраните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 


ТДК Компјутери

Менхетен Бизнис Центар, кат 1, ул. Васил Ѓоргов 20А, 1000 Скопје, Македонија
телефон: +389-(0)2-329-8338, +389-(0)2-324-6225 | факс: +389-(0)2-322-1966 | e-mail: info@tdk.mk


Copyright © 2016 TDK Computers. Сите права се задржани.