НОВОСТИ / Acer Spin 5 - Лаптоп со уникатен дизајн и совршена функционалност!

Acer Spin 5 - Лаптоп со уникатен дизајн и совршена функционалност!


2018-03-16


Влезете во акција со сеопфатна приспособливост и извонреден стил.

Со тенок и издржлив метален дизајн, зачудувачки стил и уникатен начин на преклопување кој овозможува да го користите на 4 различни начини, Acer Spin 5 ќе ви овозможи максимално да ја зголемите практичноста во вашето работење.

Моќен процесор и напредни аудио визуелни решенија. Full HD екран на допир на кој и најмалите детали и текст се јасни и кој доаѓа во комбинација со електронско пенкало со кое можете да пишувате и цртате.

А благодарение на комбинацијата од TrueHarmony™, Smart Amplification и Dolby Audio ™ Premium технологија ќе имате можност да уживате во богат, моќен и реалистичен звук. Со динамично прилагодување на звукот и со помош на виртуелен опкружувачки звук ќе имате квалитетна репродукција за домашно кино или уште поголема и поенергична забава.

Оптимално поставена ExoAmp антена која обезбедува брза, еднаква и стабилна безжична интернет конекција. MU-MIMO (Multi-User Multiple-Input и Multiple-Output), стандард што овозможува поголема брзина на безжична комуникација и истовремено може да опслужува повеќе уреди. Fingerprint технологија, Microsoft Cortana2 со широко поле на опсег и траење на батеријата до 13 часа, Acer Spin 5 е дизајниран да ви овозможи целодневна продуктивност.


ТДК Компјутери

Менхетен Бизнис Центар, кат 1, ул. Васил Ѓоргов 20А, 1000 Скопје, Македонија
телефон: +389-(0)2-329-8338, +389-(0)2-324-6225 | факс: +389-(0)2-322-1966 | e-mail: info@tdk.mk


Copyright © 2016 TDK Computers. Сите права се задржани.