НОВОСТИ / Lenovo V520s SFF - Голема ефикасност, мали трошоци за одржување!

Lenovo V520s SFF - Голема ефикасност, мали трошоци за одржување!


2018-02-22


Lenovo V520s SFF е десктоп компјутер кој обезбедува неверојатна вредност за вашата компанија, притоа овозможувајќи ви да се фокусирате на она што е најважно за вас - лесно и ефикасно да го водите вашиот успешен бизнис.

Со моќен процесор, брза меморија и супер брза технологија за складирање на податоци, овој компјутер ќе ви овозможи брзо и беспрекорно работење. Lenovo V520s SFF доаѓа со Lenovo Companion, апликација која гарантира дека вашиот компјутер редовно се ажурира, воедно обезбедувајќи клучни информации за системот како сериски број, упатство за корисници и детали за гаранцијата на едно место, а исто така нуди и совети од Lenovo експерти преку упатства, статии и најнови вести од областа на технологијата.

Сертифициран од Energy Star 6.1 и GREENGUARD®, V520s е дизајниран за енергетска ефикасност. А со трошење на помалку енергија, дури може да генерира и заштеди на трошоците за вашиот бизнис.

Со Intel® Optane™ можете да инсталирате или отварате апликации без задоцнување, да најдете и отворите фајлови веднаш, или лесно да ги менувате програмите. И сето тоа, заедно со одржување на голем капацитет за складирање на податоци.

Со Smart USB заштита, ќе можете да го спречите излевањето на чувствителни податоци и да бидете сигурни дека ништо штетно не влегува во вашиот систем или мрежа преку USB портите. А со вклучен Trusted Platform Module или TPM хардвер, меѓународниот стандард за заштита на хардвер, можете да бидете сигурни дека сте заштитени доколку вашиот компјутер падне во погрешни раце.


ТДК Компјутери

Менхетен Бизнис Центар, кат 1, ул. Васил Ѓоргов 20А, 1000 Скопје, Македонија
телефон: +389-(0)2-329-8338, +389-(0)2-324-6225 | факс: +389-(0)2-322-1966 | e-mail: info@tdk.mk


Copyright © 2016 TDK Computers. Сите права се задржани.